СВР Велес и РСБСП со превентивна активност за побезбеден сообраќај

На разни локации на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, вчера, полициски службеници од Отсек за превензија при Сектор за внатрешни работи Велес, реализираа превентивна активност во рамки на превентивните кампањи “Стави појас додека возиш“ и “Носи кацига“, што се спроведуваат во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На возачите на патничките моторни возила и на моторциклистите им беше укажувано за важноста од почитување на правилата, заради нивна и безбедност на другите учесници во сообраќајот.

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека за време на кампањата биле делени печатени едукативни летоци изработени со подршка од РСБСП за законските мерки и прописи по однос на овие безбедносни одредби.
Стефани Манева
