СВР Велес: Пријава и за закана со пушка во Отовица, по нападот на кучињата во дворoт на семејство во населбата

Објавено на 24 јуни, 2025 во 15:23

По пријавата којашто вчера ја објави Сектор за внатрешни равоти Велес дека во неделата, на 22 јуни, во 10:25 часот од страна на четириесет годишниот сопственик Ѓ.Б дека кучина на соседот му ја задавиле мачката и тешко го повредиле кучето вчера евидентирана била и втора пријава за овој случај. Според Секторот за внатрешни работи  сопственикот на куќата В.А во која се чувале кучињата, вчера, пријавил дека во дворот влегол оштетениот Ѓ.Б и му се заканил со пушка.

Полицијата во вчерашниот полициски билтен објави:

„На 22.06.2025 во 10.25 часот во СВР Велес, Ѓ.Б.(40) од Велес пријави дека три кучиња на неговиот сосед Љ.П.Т. влегле во неговиот двор во село Отовица, велешко и ја усмртиле неговата мачка домашем миленик, по што неговото куче домашен миленик исчезнало. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“.

Во денешниот полициски билтен пишува:

„На 23.06.2025 во 14:00 часот во СВР Велес, В.А.(83) од Велес пријавил дека во дворот од неговата куќа во село Отовица, велешко, Ѓ.Б. му се заканил со ловечка пушка. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.“

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.