СВР Велес: Пронајден нож кај велешанец, седум лица мигранти пронајдени кај „Елград“

Објавено на 5 март, 2024 во 09:56

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 18:50 часот на улица „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ги привеле педесет и шест годишниот Л.М и четиринаесет години помладиот З.Б, двајцата од Велес.

– При преглед во патничко возило „цитроен“со скопски регистарски таблички, кое го управувал
Л.М., а З.Б. бил сопатник, кај З.Б. бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Исто така, вчера, дваесет и девет годишната М.Ч од Велес пријавил дека на улица „Алексо Демниевски Бауман“ била касната од бездомно куче.

Во 12:00 часот, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, на регионалниот пат Р1102, кај место викано „Елград“ , пронашле седум лица мигранти, од кои шест од Сирија и еден од Ирак. Лицата биле предададени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.