СВР Велес со превентивна кампања „Има помош за живот без насилство“ во Чашка
Објавено на 19 март, 2024 во 10:32
Во директна комуникација со жителите на општина Чашка и средби пред се со жените, полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес и од Полициско одделение Чашка, вчера, ја спровеле превентивната активност насловена „Има помош за живот без насилство“.
Делејќи им информативни материјали полициските службеници ги информирале граѓаните за формите на насилство, каде може да го пријават случајот и како да се заштитат.
-Исто така, жителите на Општина Чашка беа информирани и за законските санкции на насилниците, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оваа акција е дела од кампања којашто МВР ја спроведува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации.
Дума.мк