Тепачка на три вработени во основно училиште во Велес

Објавено на 12 април, 2025 во 13:45

Во Секторот за внатрешни работи Велес, вчера, било пријавено дека во основно училиште во Велес се случила тепачка.

„Во тепачката Р.Т.(51) од Велес, физички ја нападнала 60-годишната С.А. , а потоа и 49-годишната Ф.С., двете од Велес. По документирање на настанот против Р.Т. ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска на Сектор за внатрешни работи Велес.

Иако Дума.мк дојде до информации за основното училиште во кое се случила тепачката, до објавување на информацијата, не стигна потврда од Секторот за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.