Тепачка помеѓу двајца велешани, повредена сопругата на едниот
Објавено на 20 февруари, 2024 во 15:57
Двајца велешани вчера, во 16:30 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес биле приведени од страна на полициски службеници од СВР Велес. Дваесет и четири годишниот Е.Х и четириесет и две годишниот И.У од Велес го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
-Според пријавеното, во пресметката, на страна на Е.Х. се приклучил и Е.Х.(59) од Велес, кој бил повикан во полициска станица на службен разговор. Притоа, со повреди се здобила К.Ч.(25) од Велес, сопруга на приведениот Е.Х.(24), пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена
соодветна пријава.
Дума.мк