Тепачка помеѓу кавадарчани и непочитување на забраната за движење

Во полициска станица Кавадарци, во 18:00 часот, вчера, С.М (34) од Кавадарци пријавил дека претходниот ден, околу 19 часот на влезот на село Крњево, кавадаречко, заедно со С.А (32) биле физички нападнати од Б.М (26) и Р.М(28). По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни мерки.
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес,во последното деноноќие, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 29 граѓани. Од нив 12 велешани, седум кавадарчани и десет нетогинци.
Против овие лива ќе следуваат соодветни мерки, соопшти потпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час кој трае од 20:00 до 05:00 часот, регистриран е еден прекршок во Кавадарци.
Стефани Манева
