Тепачка помеѓу малолетници во Велес
Објавено на 7 декември, 2021 во 10:32

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, околу 18 часот било пријавено дека на улица „Наум Наумовски – Борче“ во Велес настанала тепачка помеѓу малолетници.
– Двајца малолетници биле физички нападнати од други двајца малолетници, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева
