Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна незгода во Велес, транспортиран за Скопје

Објавено на 12 јули, 2023 во 13:18

Во сообраќајна незгода помеѓу кола и мопед, којашто се случила вчера, на улица Асном во Велес, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, триесет и две годишниот М.А од Демир Хисар. Незгодата била пријавена во Итна медицинска помош во 20:00 часот.

-Добивме повик за сообраќајна незгода во близина на општина. На лице место беше згрижен мотоциклистот и транспортиран во Општа болница Велес, соопшти д-р Васе Панова Поп Стефанова портпаролка на Здравствен дом Велес.

Портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова, соопшти дека лицето било примено на Хирургија но поради повреди на главата, веднаш бил транспортиран за Скопје.

Од Сектор за внатрешни работи Велес ја потврдија сообраќајната незгода.

-На 11.07.2023 год во 20,15 час.околу 20,15 лас во СВР Велес е пријавено дека на улАСНОМ во Велес се случила сооб.несреќа помеѓу ПВ Голф со велешки рег.ознаки управувано од В.А (31) од Велес и Мопед со велешки рег.ознаки управуван од М.А(32) од Д.Хисар.Во несреќата МА се здобил со ТТП констатирани во општа болница Велес, додадоа од СВР Велес.

На место на незгодата увид извршила екипа од СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.