Триесет дневен притвор за двајца дилери на дрога од Велес

Објавено на 1 јули, 2021 во 13:15

Осомничени се двајца мажи на М.А 51 година и З.Д 41 година, поради сомнение дека сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Велес започна истражна постапка.

Според истрагата двајцата осомничени пред два дена биле затекнати од овластени полициски службеници во викендица на место викано „Бојаџиева Чешма“, како го препакувале  хероинот во помали пакувања. Станува збор за вкупна количина од 93,09 грама.

Претходно двајцата велешани  ја купиле дрогата од лице од Скопје за што платиле 55.000,00 денари. Превземањето на дрогата се случило кај  Штипска клучка, крај Велес. Потоа дрогата ја однеле во викендицата и започнале да ја препакуваат во помали пакувања, за што користеле дигитална вага. Полициските службеници од СВР Велес извршиле претрес во викендичката.

Јавнен обвинител до Судија на претходна постапка на Основен суд Велес достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Предлогот на јавното обвинителство е прифатен. Основен суд Велес на осомничените со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.