Триесет и осум потврдени на Ковид-19 во велешка болница
Објавено: 14 септември, 2021, во 19:10 часот
Во ЈЗУ„Општа болница“ Велес вкупно се хоспитализирани 60 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19. Од нив 38 се потврдено позитивни,шест се сомнителни и 16 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 32 пациенти.
Најголем број од пациентите се на лекување во Инфективно одделение 36, во Модуларна болница 17 додека на Интерно одделение има седум пациенти.
Денеска од болницата испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска



