Тринаесетта Ораторска вечер на Унија на млади сили вечерва се одржува во Велес
Објавено на 24 октомври, 2023 во 10:43

Во чест на еден од основачите на македонската револуционерна организација, идеолог и творец на првиот устав, Петар Поп Арсов, Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Велес ја организира традиционалната Ораторска вечер.
Ораторската вечер ќе се одржи во Голема сала на Општина Велес, вечерва, вторник, 24 октомври, со почеток во 19 часот. Во натпреварувачкиот дел ќе учествуваат шест млади говорници од исто толку градови во Македонија.

Еден од нив ќе ја наследи минатогодишната победничка Лина Рангелова од Крива Паланка.
Ораторската вечер е отворена за публика и на неа можат да присуствуваат сите млади или повозрасни граѓани на Велес и на Македонија.
Дума.мк
