Тројца кавадарчани ограбиле автомобил, друг фатен како краде во продажен објект
Тројца кавадарчани од кои највозрасниот на 43 годишна возраст В.О, девет години помладиот Х.В и 29 годишниот Е.В се сомничат дека извршиле кражба од патничко возило. Во разговор кој се водел во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, денеска, тие го признале делото. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Покрај овој случај, вчера утрото, во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода и 53 годишниот кавадарчанец З.Н кој бил затекнат како краде во продажен објект во Кавадарци пришто одзел повеќе производи.
-Од вработен бил спречен да побегне, по што бил приведен во полициска станица. Производите биле вратени на сопственикот, за настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во дневниот билтер на СВР Велес.
Дума.мк