Тројца потешко повредени во сообраќајка на автопат во близина на Велес

На автопатот Скопје – Неготино, пред исклучувањето кон Велес кај село Башино село, патничко возило „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(30) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Незгодата се случила вчера попладне околу 15:20 часот. Во неа со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Д.Т. (61) и В.Т.(66), двајцата од Кавадарци, констатирани во Општа болница.
-Трите лица повредени во сообраќајната незгода, донесени се во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес. Сите се веднаш упатени на Оддел за радиодијагностика. Првото повредено лице, В.Т, направена му е радиодијагностика и компјутерска томографија на цело тело. Констатирани се тешки телесни повреди, фрактура на надлактица и фрактура на ребра. Кај второто повредено чице Д.Т. констатирана и е фрактура на лева подлактица, фрактура на ребра и фрактура на прешленско тело. Кај третото повредено лица, С.Т. по направени радиодијагностички прегледи и компјутерска томографија на цело тело констатирани се политрауми на лицев скелет носна коска,како и фрактура на прешленско тело. Поради тежината на повредите В.Т. препратен е на Ургентен центар Скопје додека Д.Т и С.Т. се задржани и во овој момент се наоѓаат на понатамошен третман и лекување на Оддел за хируршки болести каде се следи нивната состојба, соопшти портпаролката Марина Андова.
Увид на местото на незгодата, вчера попладне, извршила увидна екипа на СВР Велес.
Убавка Јаневска
