Уапсен велешанец, крадел од продавници
Објавено на 13 јуни, 2023 во 10:05
Дваесет и седум годишниот С.Т од Велес, вчера, 12 јуни, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес.
-Тој се сомничи дека во текот на денот од три продажни објекти во Велес одзел повеќе предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во Полициската станица Велес, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк