Учениците од економското училиште во Велес дел од Еразмус + проект во Кипар (фото)
Четиринаесет ученици од средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ од Велес во период од први до 15 мај, годинава, биле дел од проектот „,Претприемачки дух во мене, ѕвездено небо над мене“ преку Еразмус + програмата во Лимасол, Кипар. Тие преку практична настава реализирана од партнерот на проектот „ShipCon, Limassol“ и преку посета на локални компании во градот и околината имале можност да го откријат својот претприемачки потенцијал и да се запознаат со успешни претпримачки приказни.
Ученичката Мартина Борова од четврта година вели дека преку ова патување покрај незаборавните моменти се стекнала и со големи знаења во областа на претприемништвото.
-Темата на нашиот проект беше „Претприемачкиот дух во мене ѕвездено небо над мене“. Преку оваа програма јас стекнав нови знаења во областа на претприемништвото, се запознавме со многу успеши претприемачки приказни, посетивме голем број дестинации кои го разубавуваат градот Лимасол, запознав многу пријатели од различни држави, вооедно го усовршив англискиот јазик. Следевме предавања за тоа како и ние еден ден да станеме успешни претприемачи. Овој проект беше огромно доживување за мене, едно прекрасно искуство после кое прераснуваш во позрела личност, спремна да направиш чекор напред за подобра иднина, додаде Борова.
Заедно со учениците на ова патување биле и професорките Радмила Андовска, Марија Панчевска и Оливера Коцевска. Според нив учениците се стекнале со вештини и знаеања преку коишто се развивала и нивната емоционална интелигнеција.
-Идниот претриемач треба да поседува и други квалитети, да се разбира самиот себе, да ги разбира останатите, да има емпатија и самодоверба. За учениците вклучени во овој проектот ова меѓународно искуство преставува голема придобивка и можност да се запознаат со иновативен пристап на учење, пракса во успешни компании, каде добиваат една поинаква перспектива за учењето како процес. Учениците во СОУ „Јовче Тесличков“ добиваат квалитетно образование во рамките на училиштето но учењето не престанува тука. Ерасмус + мобилноста е еден поинаков начин на учење, каде ученицете стануваат дел од светот, се инспирираат себе си, се пронаоѓаат, стануваат свесни за сопствените соништа и мотивација, се просветлуваат и стануваат луѓе со отворен ум, додаде професорката Андовска.
Еразмус + програмата била финансиски поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Стефани Манева