Учениците од ООУ „Блаже Конески“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ победници на 46 општински натпревар по прва помош (фото)
Екипите на учениците од основното општинско училиште „Блаже Конески“ и средношколците од хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ го осовоија првото место на 46 општински натпревар по прва помош, организиран од велешки Црвен крст во паркот пред СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.
За време на натпреварот, учествуваа вкупно 48 ученици од четирите основни и средни училишта, поделени во групи од по шест ученици и на три различни пунктови, даваа прва помош на луѓе со различни видови на повреди. Додека ги изведуваа вежбите, беа оценувани од страна на комисија составена од лекари коишто се лиценцирани за обуки по прва помош.
Пред почетокот на натпреварот, д-р Кевица Шопова Клифова, Претседателка на Општинската организација на Црвен крст од Велес, на сите учесници им се заблагодари за присуството и им посака многу среќа.
-Повеќе од 20 години сум дел од комисијата на овој натпревар, а претходно сум била и учесник на истиот. Овој натпревар сфатете го како едно дружење и забава. На натпреварот ќе победи оној којшто ќе покаже повеќе резултати од претходниот тим. Сите сте победници со самото тоа што учествувате на денешниот настан, додаде Шопова Клифова.
Овој натпревар трае 48 години, но поради корона вирусот претходните две години истиот не се одржувал. Орце Николов, секретарот на велешки Црвен крст, рече дека оваа традиција ќе продолжи и понатаму.
– Денеска имаме преставници од сите основни и сите средни училишта од Велес, поточно четири екипи од основно во категорија подмладок и четири екипи од средните училишта во категорија младинци. Натпреварот е организиран на три пунктови каде имаме вкупно осум повреди и учесниците во секоја екипа треба да го покаже своето знаење. Една екипа содржи шест членови од кои еден е тим лидер, еден е резервен шеф и останатите четворица ги изработуваат повредените, додаде Николов.
Најдобриот тим од категорија младина, поточно учениците од хемиското училиште, преку оваа победа се пласираа и ќе бидат дел и државниот натпревар.
Исто така, беа поставени и два пункта кои беа од рекреативен карактер. Таму се играа забавни игри и се врешеше дисеминација за Црвениот крст.
Стефани Манева
фото: