Учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари беа дел од едукација за болести на зависност
Објавено на 7 ноември, 2023 во 12:30
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/400511554_725095096312227_3485071711072619342_n-1024x768.jpg)
Учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари, вчера на едукативна работилница спроведена од велешки Црвен крст видоа кои се штетните ефекти од консумирањето на цигари, алкохол и дрога. За време на едукацијата присутни биле ученици од осмо и деветто одделение.
Од велешки Црвен крст соопштија дека едукацијата била спроведена од сертифицирани врснички едукатори на организацијата.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)