Утре последен ден за пријава на Летната академија за дигитални вештини во Велес

Младински центар Велес, во соработка со Europe House Veles, го најавува почетокот на Летната академија за дигитални и комуникациски вештини, која ќе се одржува во текот на јули и август ова лето. Оваа академија ќе им понуди на младите луѓе уникатна можност да ја унапредат својата кариера и да развијат вештини кои ќе им помогнат да се истакнат на современиот пазар на труд.
Академијата е интензивен и практичен курс што опфаќа низа работилници и предавања од експерти во различни области. Учесниците ќе имаат можност да научат како да напишат ефективно CV и мотивациско писмо, како да се подготват за интервјуа и професионално да настапат, како да ја развијат својата лична брендинг стратегија и да изработат силен LinkedIn профил. Програмата ќе се фокусира и на комуникациските вештини и етиката на користење мејл во професионална средина, како и на основите на финансиска писменост за млади. Дополнително, учесниците ќе стекнат техники за личен развој, самодоверба и целно размислување, што е од клучно значење за напредок во личниот и професионалниот живот.
Учесниците на академијата ќе имаат можност не само да научат нови вештини, туку и да се вмрежуваат со врсници и професионалци во пријатна и интерактивна атмосфера. Програмата ќе се одржува во просториите и дворот на Europe House Велес, што ќе овозможи на учесниците да се запознаат и со нови перспективи од различни индустрии.
Летната академија е отворена за сите млади на возраст од 16 до 29 години кои сакаат да го искористат летото на продуктивен начин. Програмата е бесплатна, но бројот на места е ограничен, па сите заинтересирани треба да побрзаат со пријавите до утре, 3 јули бидејќи првата обука е закажана за на 4 јули.
За повеќе информации и за пополнување на формуларот за пријава, посети го следниот линк: Формулар за пријава
Инвестирај во својата иднина и направи го летото 2025 година пресвртна точка за твојата кариера. Летната академија за дигитални вештини е шанса за развој, учење и инспирација – побрзај и пријави се пред да биде предоцна!
Стефани Манева
