Веб порталот на Фондот за здравство е во функција
Објавено на 27 јуни, 2023 во 21:34
„Проблемот со веб порталот на ФЗОРСМ настана во текот на денешниот ден и е од техничка природа. Одржувачите на софтверот интензивно работеа на случајот ,проблемот е надминат и веб порталот веќе е во функција.“
Оваа порака попладнево како одговор на новинарските прашања на Дума.мк ја испрати Ирфан Лимани, директорот на сектор за комуникации и административна поддршка на Фондот за здравство.
Дума.мк денеска објави информација за неработењето на веб порталот откако граѓани пријавија дека не можеле од вчера да се префрлат од еден кај друг матичен лекар, посети три и праша уште двајца други лекари во приватни здравствени организации во Велес.
Убавка Јаневска