Екс директорот на училиштето во Иванковци пријавил помала штета од пожарот од проценетата!
Потпишал штетна спогодба со осигурителната компанија после пожарот кој до темел ја изгоре училиштната зграда.
Така наместо друштвото за осигурување УНИКА да ја плати утврдената штета од 185 илјади евра, тоа исплатило само третина од парите и тоа 62 илјади евра. Поранешниот директор на ОУ Стојан Бурчевски Буридан во селото Иванковци 48 годишниот З.Ј. е осомничен за несовесно работење и фалсификување исправа. Тој ја потпишал спогодбата со осигурителната компанија со пријава за штета од пожарот кој до темел ја изгоре училишната зграда во селото, а која била три пати помала од проценетата штета. Пријавата освен што ја потпишал ја заверил и со непостоечки број од делотворната книга без за тоа да го извести и училишниот одбор. Така осигурителната компанија УНИКА заштедила 120 илјади евра на штета на училиштето.
Инаку на 15 – ти јуни 2011 година се случи големиот пожар кој до темел го изгоре тукушто реновираното училиште. После ова учениците наместо нова училишна зграда добија монтажна барака во која веќе две години следат настава./Б.Н.