Групно крштевање во Повардарието. Велешани и кавадарчани се соединија со Христа!
Објавено: 20 јули, 2013, во 13:44 часот
Повардарската Епархија денеска организираше групно крштевање на две локалции во Повардарието. Триесет граѓани денеска беа крстени на шестото групно крштевање во реката Бабуна, кај Велес и осумнаесет мина во водите на Тиквешкото Езеро кај Полошкиот манастир.
Крштевањето го извршија свештеници на МПЦ од Повардарска епархија. На крштевката присуствуваа поголем број на граѓани кои беа кумови, роднини и пријатели на граѓаните кои одлучија да бидат крстени.
„Овие верници денес добија закрилник поточно ангел чувар кој ќе ги пази во нивниот живот. Крштението е оклоп преку кој верникот се бори против сите пороци и гревови. Бројката на оваа чин на ново крстени се намалува, но тоа значи дека имаме се помалку лица кои не се крстени. Гледате и сами дека годинава имаме многу млади не само велешани туку и од Повардарието кои се крстија во реката Бабуна – изјави Ристе Јанушев протојереј свештеник од велешкото намесништво на Повардарската Епархија на МПЦ.
На Тиквешкото Езеро кај полошкиот манастир Свети Ѓорѓи денеска се изврши второто групно крштевање. И таму покрај луѓето што се соединија со Христа имаше голем број верници.
На крштевањето претходеше литургија во Полошкиот манастир Свети Ѓорѓи.
“ Се надеваме дека групната крштевка на Тиквешкото Езеро ќе стане трација“ рече координаторот на манастирот Св. Ѓорѓи, Трајче Грозданов, коориднатор на Полошкиот манастир./ Б.Н / А.Д


