Велешани повторно имаат кожен лекар
По скоро една година велешани повторно можат да одат на кожен лекар во градот. Кожната амбуланта повторно ги отвори вратите. Денеска во неа велешани почна да ги прегледува лекар специјалист од скопската клиника за дерматовенерологија. Асистент Д-р Моника Муратовска ги прегледа првите 30 пациенти.
– Повеќето беа со алергии, сега е летен период и има честа појава на бактериски инфекции на кожата имав и пациенти со фотодерматети. Секој петок ќе има дерматоролог во Здравствениот дом во Велес и граѓаните ќе можат да доаѓаат на преглед, рече д-р Муратовска.
Болницата во Велес потпиша договор за ангажирање на кожен лекар од Скопје откако пред една година се пензионираше единствената кожна лекарка во градот. Велес остана без специјалист по дерматологија бидејќи сеуште не завршил лекарот кого болницата го прими на работа и го испрати на специјализација.
Од денеска велешани не ќе мораат да се малтретираат со патување на кожен лекар во Скопје за каде на дел од нив им беа потребни упати кои мораа да ги вадеа од специјалист па патуваа прво во Штип па потоа во Скопје. Сега секој петок ќе можат да се прегледуваат во амбулантата во Велес во која ќе доаѓа лекар од Клиниката во Скопје./Б.Н