Разбојници претепаа и ограбија двајца велешани
Објавено на 8 август, 2013 во 11:16
Разбојници претепале и ограбиле двајца браќа, синоќа,на трибините на ракометното игралиште во градски парк. Инцидентот се случил околу 20.25 часот.
Еден од разбојниците плукал во велешанецот Ј.К. (51) а потоа му се придружиле и останатите од разбојничката група. Тие на Ј.К му одзеле мобилен телефон и 2.200 денари. Нему се обидел да му помогне четири години помладиот брат А.К. И тој бил натепан со клоци, тупаници по главата и телото откако разбојниците го совладале на земја.
Нападнатите браќата имале видливи повреди. Случката е пријавена во полиција и се превземаат мерки за расфетлување. Полицијата има повеќе осомничени лица инволвирани во тепачката/Б.Н