Сто болни деца од Велес климатски се рехабилитираат на Пелистер
– Здравјето не служи, децата дишат чист воздух, на прошетки одиме сите и многу сме вредни бидејќи на работилниците има натпреварувачки дух а на вечерните забави танцување, рече претседателката на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение Иванка Андова.
Таа ја предводи првата група со вкупно 150 деца од Велес на осумдневна климатска рехабилитација во детското одморалиште на Пелистер. Тоа се деца со нарушено здравје претежно со хронични белодробни болести како последица од загадувањето на Велес со тешки метали.
Летувањето на Пелистер, воздухот и особено моликата, им помага во совладувањето на болестите на децата од Велес кои изминативе десеттина години се корисници на рехабилитацијата што за нив ја плаќа државата.
Утре ќе заврши климатската рехабилитација на оваа прва група за годинава. Веднаш на Пелистер ќе замине втората група во која заедно со 100 велешанчиња ќе бидат уште 100 деца од Возарци, Миладиновци и Осломеј. Тие климатски ќе се рехабилитираат во наредните осум дена.
Годинава во овој проект на здружението учествуваат вкупно 350 деца од четирите општини. Од Велес се најмногу, 250 деца со нарушено здравје./Б.Н