Маскирани разбојници извршиле грабеж на бензиска пумпа кај Караслари

Објавено: 26 септември, 2013, во 11:34 часот

Ограбена е бензиската пумпа на „Макпетрол“ на автопатот Велес – Градско во близина на мотел Македонија.

Во грабежот, кој се случил околу 3 часот, учествувале двајца разбојници.

Тие биле маскирани кога влегле во бензиската пумпа и со пиштол му се заканиле на вработениот, 37 годишниот Н.М од Велес.

Од него побарале да им ги даде парите од касата. Избегале штом успеале во намерата со плен тежок 85 илјади денари.

Грабежот бил пријавен во полиција.

– Направен е увид и трагаме по разбојниците, рекоа денеска од СВР Велес./Б.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.