Се поправа асвалтот кај штипска клучка

Објавено: 10 октомври, 2013, во 11:29 часот

На патот од Штипска клучка до велешка депонија ќе се постави нов асвалтен слој. По асвалтирањето ќе се сменат заштитната ограда и еластичните браници. На коловозот ќе има нова сообраќајна сигнализација. Денеска започнаа градежните работи на оваа три километри долга делница од магистралниот пат Велес – Штип што ги изведува австриската градежна компанија „Страбаг АГ“.

– Инвестицијата чини 1,3 милиони евра. Поправката треба да заврши до крајот на оваа градежна сезона, рече директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Ѓеоргиевски.

Од Велес до градската депонија се патува по пат кои има три ленти. Потоа магистралата продолжува кон Штип со две коловозни ленти. Според проектот на Агенцијата токму од тука ќе започнат градежните работи за поправка на старите две и изградба на трета лента. На неколку места патот ќе се исправа, за да се избегнат црните точки и опасните свиоци, се до Лозово а потоа и до селото Каратманово. Таму ќе се работи напролет, кога ќе почне новата градежна сезона иако проектот е готов и сега според постапката треба да се избере уште фирмата изведувач.

– Патот ќе го прошириме од 6,4 м на 11, 1 метар. До тогаш ќе заврши и обештетувањето на граѓани кои имаат земја во тој реон и на која ќе треба да се гради патот. Очекувам дека до март, в година ќе завршат сите постапки за избор на фирмата изведувач и дека ќе ја продолжиме изградбата на патот, рече Ѓеоргиевски.

Кога ќе биде завршена втората ќе следи изградбата на последната фаза до селото Кадрифаково. Патот,  на кој ќе се интервенира во наредните 18 месеци, има вкупна должина од 24 километри. Државата во неговата изградба ќе вложи 14,7 милиони евра./Б.Н

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.