Амбасадорот Волерс, градоначалникот Чадиев и госпоѓа Мери Џо Волерс волонтираа на зградата во населбата Хабитат во Велес
Со заштитен шлем на глава и мистрија во рака, денеска, амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс го подготвуваше малтерот на градилиштето во американската населба Хабитат во Велес. Градоначалникот С лавчо Чадиев со пила во раце ги сечеше тулите потребни за изградба на петата зграда во оваа населба. Тие волонтираа на изградбата на новите 12 станови кои ќе ги добијат семејства со ниски примања во градот. За нив волонтаризмот значи помагање на оние на кои им треба помош.
„Овде сум затоа што сакаме да волонтираме, сакаме да им помагаме на луѓето . Волонтирањето е американски обичај. Многу волонтираме во САД . Сакаме да ја прошириме таа идеја и овде во Македонија. Добар пример за нас е да видиме што ќе излезе од ова и многу е забавно. Да се работи заедно и да се постигне нешто само по себе е многу забавно,“ рече амбасадорот Пол Волерс.
„Задоволство ми е што и јас денеска можам да учествувам во работата на зизградбата на зградата и да ставам неколку редови на ѕигли во ѕидовите на новите домови на граѓаните во оваа прекрасна населба во Велес. Во секој случај нашата соработка со Хабитат проидолжува и понатаму според договорот што го имаме,“ рече градоначалникот Чадиев.
На Волерс и на Чадиев им помагаше госпоѓата Мери Џо Волерс. Таа е докажан волонтер бидејки исто како и во Америка и во Македонија постојано волонтира во изградбата на населбата на Хабитат во Велес. Таа е член на Управниот одбор на американската невладина организација Хабитат – Македонија.
„ Напредокот е неверојатен. Бев овде кога копавме за темелите и оттогаш има огромен напредок , а во тоа е вложена напорна работа. Ова што го гледам денеска за мене е неверојатно . Бев овде во март со јапонскиот тим, а денес сум овде за да работам на ѕидањето што го научив кога последниот паат бев овде. Јс сум стручњак за цигли,“ рече Мери Џо Волерс.
Денеска на градилиштето во Велес волонтираа и службеници на амбасадата на САД во Македонија. Тие носеа тули, со компресор ги кршеа карпите околу зградата и исфрлаа земја. Така помагаа на новите 12 сопственици на станови во изградба во петата зграда во која Хабитат Македонија вложи 700 илјади долари. Претходните четири чинат еден милион долари. Во нив се веќе вселени 24 велешки семејства со ниски примања. Хабитат – Македонија ним им помогна со тоа што им обезбеди долгорочен бескаматен кредит за купување на становите со површина од седумдесеттина метри квадратни.
