Агро синдикатот има нови членови
Двеста педесет сезонски работници во Велес и регионот очекуваат од газдите да им исплатат максимална плата, заштита од мобинг, дискриминација и да ги користат бенифициите од Законот за безбедност и здравје при работа. Тие станаа членови на Агро синдикатот преку регионалниот синдикален совет на ССМ во Велес.
„Конечно по големиот број неправди сезонците смогнаа сили и се зачленија во Агро синдикатот на ССМ. Нивниот број е во постојан пораст. Како и за сите Синдикатот ќе ги презема сите мерки за заштита и на сезонските работници кои досега немаа никакви права“, рече денеска претседателот на регионалниот синдикат во Велес, Себо Шакиров.
Поголем број од сезонските работници се вработени во земјоделските компании како ЗИК „Вардар“ од Градско, праскарникот во Росоман, компанијата „Жито“ од Велес и „М-6“ од Скопје.
ССМ предходно покрена постапка да ја стопира работата на грчката компанија за замрзната храна „Фризенфуд“ во Неготино поради неисплатени плати на околу 220 сезонски работници од Велес, Неготино и Демир Капија. Оштетените побараа помош од регионалниот кој заедно со гранковиот Агро синдикат бараат итна исплата на парите на сезонските работници.
