Граѓаните реагираат на метежот и неквалитетната боја од фарбањето на сигнализацијата на улиците а од опшината велат се ќе се префарба ноќе

Објавено на 21 август, 2014 во 11:42

Одбележувањето на хоризонталната сигнализација среде бел ден направи хаос во сообраќајот и метеж низ градските улици во изминативе неколку денови. На жешкиот асфатлт и денеска колони возила чекаат додека фирмата изведувач ја одбележуваше едната половина од пешачките премини. Нервозно реагираа и граѓаните кои ги преминуваа улиците. Непријатно изненадени од тоа што оваа обврска ја исполнуваат додека има најголема фрекфенција од возила, велат дека одбележувањето треба да се прави навечер.

Не само што реагираат на временскиот период за одбележување, тие сметаат дека бојата со која се одбележува е неквалитетна.

„Ова треба да се работи навечер а не денски. Вака не само возилата туку и пешаците не можат да поминат.“

„Како што гледам не се убаво одбележани. Изгледа ќе треба пак да се префарбаат. “

„Многу неквалитетно, погледнете, вчера ги фарбаа а веќе денеска не се познава,“ рекоа граѓани.

За реакциите на граѓаните побаравме став од локалната власт. Од таму велат дека се запознати со проблемот и веќе реагирале кај фирмата изведувач.

„Веќе е издадена наредба да се работи навечер после 19:00 часот. Многу се правеше гужва денски, пред се во пазарните денови. Инаку бојата е добра и квалитетна, акрилна, но фирмата која го извршува одбележувањето тоа ќе го направи уште еднаш, на сите пешачки премини во градот„ рече градоначалникот Славчо Чадиев.

Дел од граѓаните денеска реагираа и на насоодветната местоположба на која се поставени дел од пешачките премини во градот./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.