Се чекаат резултати од вештачење за судењето на обвинетиот Алиов за убиство на жена во Кавадарци

Објавено на 16 февруари, 2015 во 15:42

Во велешкиот суд одложено е судењето за кавадарчанецот Муарем Алиов кој лани на 1 мај ја  уби неговата пријателка Снежана Ѓеоргиевска од Кавадарци.  Главниот претрес ќе продолжи кога ќе бидат готови резултатите од вештачењето кое адвокатот на обвинетиот за убиството самоиницијативно го побара од Клиниката за невропсихијатрија во Скопје со цел да се утврди дали Алиов кога го сторил кривичното дело бил пресметлив или не. Претходно неговото барање за вештачење го одби Јавниот обвинител.

Обвинетиот, на почетокот на судењето, се произнесе дека не е виновен по што Судскиот совет почна со изнесување на доказите. Сослушани се тројца сведоци. Ќерката на убиената Ѓеоргиевска и уште еден сведок сведочеа по барање на обвинителот а сопругата на обвинетиот Алиов по барање на бранителот на нејзиниот сопруг.

Убиството на Ѓеоргиевска се случи лани на 1 мај, во близина на винарска визба на „Тиквеш“, на периферијата на Кавадарци. Ѓеоргиевска по смртта на сопругот дошла од селото Ресава да живее во напуштената куќа во овој дел на градот. Таму со неа подолго време бил и Алиов, раскажуваа на денот на убиството повеќемина граѓани кои живеат во околните куќи./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.