Извлечено телото на загинатиот унгарски возач во сообраќајката кај Дорутовец

Објавено на 24 јуни, 2015 во 18:27

Телото на возачот на унгарскиот шлепер, кој ноќеска околу 1.40 часот излета од автопатот Велес – Скопје, во близина на велешката населба Дорутовец, е извадено. По наредба на Јавен обвинител телото на загинатиот возач е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, информира портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.

Тешкото товарно возило беше паднато во бездна  длабока дваесеттина метри, во нискостеблеста шума долу под автопатот. Од рано утрово се превземаа мерки за вадење на телото на возачот. Дополнителен проблем при извлекувањето создаваше изгребаниот асвалт на автопатот а со тоа и ослабената носивост на мостот на кој мораше да застане дигалка за да ја крене и извлече сканијата горе на автопатот./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.