Локализиран големиот пожар во велешко

Објавено: 21 јули, 2015, во 08:13 часот

Локализиран е пожарот што вчера попладне беснееше во атарот на велешките села Чалошево и Дорутовец, во близина на автопатот Велес-Скопје. По пет часа борба со огнената стихија, околу 20 часот екипите на територијалната противпожарна единица успеале да го изгаснат пожарот. Според првичните информации била зафатена површина од 250 хектари од кои педесетина хектари борова шума и чемпрес , а останатите сува трева и нискостеблести растенија. Според Центарот за управување со кризи на местото на огнената стихија во близина на населбата Отовица се уште дежураат екипи поради претпазливост од повторно проширување на пожарот.

На помош на пожарникарите во справувањето со огност вчера вечер притрчала и екипа на Јавното претпријатие Шумско стопанство „Бабуна“а на лице место во гаснењето на пожарот помогнало и месното население, загрижено за сопствените лозови насади и површини со тутун, кои поради ветрот многу лесно можеле да бидат зафатени со огнот. Ветрот дополнително им ја отежнувал работата на пожарникарите кои во два наврата успеале да го стават под контрола но повторно се ширел. Неофицијално пожарот во велешко бил предизвикан од отпушок на цигара./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.