Вежба за спасување во реална ситуација на пожар во државното средно училиште „Коле Неделковски“

Објавено: 14 ноември, 2025, во 15:22 часот

Ученици, наставници и вработени во ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски” Велес учествуваа во показна вежба за справување со реална ситуација на пожар во зградата на училиштето. Во симулација на повредени беа три ученици на кои им беше укажана прва помош. Вежбата што се одржа беше именувана како „Начин на однесување во кризни ситуации“.

„Целта на вежбата е учениците да се запознаат со начинот на евакуација и брза интервенција при пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање“, соопштија од училиштето.

Во вежбата учество земале и Територијалната противпожарна единица Велес, Општинска организација на Црвен крст Велес, Дирекција за заштита и спасување, екипата на Итната медицинска помош и Сектор за внатрешни работи Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.