Шеесет и три новозаразени и ден без оздравени велешани, повторно млад пациент починат во Кавадарци од коронавирус
Објавено на 7 ноември, 2020 во 18:51
7.11.2020
Во Велес , во изминатите 24 часа се евидентирани 63 новозаболени граѓани, соопшти Министерството за здравство. Двоцифрени бројки на новозаразени се регистрирани во цел вардарски регион поточно во градовите Кавадарци 46, во Неготино 27 и во Свети Николе 18.
Во денот со починати 14 лица, на државно ниво, се регистрирани и пациент од Свети Николе на 76 години, како и повторно млад пациент од Кавадраци на 21година. Пациенти се починати во болнички услови.
Денеска според Институтот за јавно здравје нема оздравен ниту еден пациент во ниту еден од градовите на вардарски регион..
