Општината ги помогна Шопов, Басарови и Умирзат сега на ред се граѓаните и бизнис заедницата

Објавено на 12 ноември, 2020 во 16:32

basaroviisopov fin

12.11.2020

Општината ќе ги додели финансиските помошти откако за нив одлуки донесе Советот на Општина Велес. За Шопов 30 илјади додека за Басарови и Умирзат по 15 илјади денари парична помош.

Доделените финансиски средства на спортскиот ветеран Тони Шопов, во висина од 30 илјади денари, се наменети за потребно лекување во странство. Шопов повеќе пати ќе мора да патува во Турција каде прима терапија со која подолготрајно се лекува.

Семејството Басарови добија 15 илјади денари како помош за санирање на штетите во својот дом на улицата „Христо Татарчев“ бр. 6/2 по несреќата што им се случи на 11 Октомври кога експодираше бојлер на плин. Тогаш Кире Басаров се здоби и со изгореници од трет и четврт степен на 60 отсто од телото. Неговата сопруга Тања исто така се лекува од тешка болест.

Второто семејство што доби помош во висина од 15 илјади денари е на Ахмед Умирзат од Велес . Семејството исто така преживеа опожарување на домот на крајот од месец јули годинава.

Покрај помошта од Општина Велес, на Шопов како и на семејствата Басарови и Умирзат, им е потребна и финансиска поддршка од граѓаните и бизнис заедницата.

Сите се соочуваат со потреба од дополнителни финансиски средства поради подолготрајни лекувања особено за Шопов, за Басаров како и неговата сопруга Тања, во чии дом штетите се навистина големи. Не помала потреба од помош има и семејството Умирзат.

Секој денар на нивните трансакциски сметки е добредојден и ќе им помогне да пребродат навистина сериозен период од животот.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.