Коронавирусот ја зема 57 жртва во велешко во ден во кој има драстичен пад на новозаболени

Објавено на 23 ноември, 2020 во 17:42

veles panorama fin

23.11.2020

По викендот со четири починати велешани од Ковид-19,денеска, битката ја изгуби уште еден возрасен сограѓанин. Седумдесет и едногодишниот маж бил позитивно потврден на заразната болест. Тој е 57 жртва на коронавирусот во општина Велес. Во последните 24 часа има 12 новозаразени од опасниот вирус додека бројот на излекувани изнесува 26 сограѓани.

Во овој прв ден од седмицата во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 80 пациенти од кои 63 се позитивно потврдени, 9 сомнителни и 8 со негативни тестови. Сеуште е висок бројот на пациенти на кои им е потребна кислородна поддршка.

Станува збор за 28 пациенти или околу 35% од ковид пациентите кои болнички се лекуваат .

Најголем дел од нив се борат за живот на инфективното одделение или 51ковидпациенти. На Физикална се лекуваат 18 додека на Интерно одделение 11 пациенти.

Во велешка болница има 4 празни легла на Инфективно, шест на Одделението за физикална терапија и рехабилитација и 4 на Интерно одделение.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.