Починати двајца пациенти од Ковид 19 во велешка болница каде денеска има 20 слободни легла

Објавено на 25 ноември, 2020 во 14:47

Infektivnooddelenieprozorsolekar fin

 25.11.2020 

Маж на 75 години од Велес непотврден на Ковид кој починал вчера вечер околу 20 часот и жена на 67 години од село Јаболчиште позитивно потврдена што почина утринава на Инфективно одделение во велешка болница се нови две жртви на опасниот вирус. Со нив црниот биланс во општината се искачи на бројка од 60 починати ковид пациенти од почетокот на епидемијата во државата.

VeleskabolnicaInfektivnozadnastrana fin

Денеска во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 74 пациенти од кои 62 се потврдено позитивни, 6 сомнителни и 6 се со негативни тестови.

И понатаму е висока бројката на пациенти што се на кислородна поддршка, вкупно 26.

VeleskabolnicazadnastranasoUrgentnihiruskiambulanti fin

Од вкупниот број на Инфективно се лекуваат 49 ковид пациенти што значи дека на ова болничко одделение има уште шест слободни легла.

На Интерно одделение се слободни 5 болнички легла затоа што се лекуваат 10 суспектни пациенти.

 

VeleskabolnicaFizikalnoKarantin fin

На Одделението за физикална медицина и рехабилитација болнички здравствени услуги добиваат 15 пациенти и има уште 9 болнички кревети.

Стоилко Андреевски

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.