Граѓани не носат заштитни маски, полициските службеници пишуваат казни
Објавено: 17 декември, 2020, во 17:02 часот
17.12.2020
И покрај сите предупредувања во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Велес евидентираа 51 лице.
Од евидентираните 34 се во Велес, девет во Кавадарци и осум во Неготино.

Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Стоилко Андреевски

