Од казнетите 38 граѓани за не носење на заштитна маска 21 се велешани
Објавено на 30 декември, 2020 во 14:38
30.12.2020
Секторот за внатрешни работи Велес во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентира вкупно 38 лица.
Од нив казнети се 21 граѓани во Велес, 11 во Кавадарци и шест во Неготино.
– Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, рече портпаролот Верољуб Додевски.
Стоилко Андреевски