48 прекршоци за не носење на маска во изминатото деноноќие
Објавено на 26 јануари, 2021 во 12:14
26.01.2021
Во последните 24 часа, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 48 лица.
– 28 лица се од градот Велес, 15 од Неготино и пет лица од Кавадарци. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки. – соопшти Верољуб Додевски, потпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.
Исто така се апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките и протоколите воведени од страна на Владата, со цел правување со коронавирусот.
Стефани Манева
#СВР #НеНосењеМаски #Велес #Неготино #Кавадарци