СВР Велес: За не носење на маска казнети се 16 велешани
Објавено на 12 февруари, 2021 во 11:58
12.02.2021
Во текот на вчерашниот ден евидентирани се 25 лица за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита.
-Од Велес се казнети 16 лица, четири во Кавадарци и пет во Неготино, соопшти Верољуб Додевски, потпарол на СВР „Велес“.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Сектор за внатрешни работи Велес, апелира да се почитуваат мерките донесени од страна на Владата, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Стефани Манева