Во Општа Болница Велес хоспитализирани се 31 пациент, тринаесет се на кислородна поддршка
Објавено: 12 февруари, 2021, во 13:17 часот
12.02.2021
Во Општа Болница Велес хоспитализирани се 31 пациент. На Инфективно Одделение се лекуваат 30 ковид пациенти, на Интерно Одделение само еден пациент.
-26 пациенти се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и тројца пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување, соопшти д-р Елеонора Јованова.

На кислородна поддршка се 13 пациенти.
Во текот на денот испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Стефани Манева



