СВР Велес: Една тепачка и 18 казни за велешани што не носеле маска
Објавено на 26 февруари, 2021 во 11:03
26.02.2021
Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера околу 11 часот било пријавено дека на улица „Оливер Китановски“ настанала физичка пресметка помеѓу И.О.(81) и А.О.(56), двајцата од Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во истиот ден, на подрачјето на Велес, била спроведена и акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При оваа контрола биле регистрирани два прекршока.
За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 40 лица.
Велешани повторно не носат маски, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 18 граѓани. За оваа Уредба регистрирани се прекршоци и во Кавадарци каде што се казнети 15 лица како и седум лица во Неготино.
Стефани Манева
