Во велешката болница се лекуваат 42 ковид пациенти
Објавено на 26 февруари, 2021 во 13:28
26.02.2021
Во Општа болница Велес хоспитализирани се вкупно 42 ковид пациенти. Од нив позитивни потврдени се 29, пет се сомнителни и осум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 33 пациенти и на Интерно одделение девет пациенти, соопшти потпарколката д-р Елеонора Јованова.
На кислородна поддршка се 11 пациенти.
Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева
