Расте бројот на новозаразени велешани од коронавирус, благ пораст и на болничките пациенти
Објавено на 5 март, 2021 во 15:50
05.03.2021
Триесет нови случаи на заразени велешани од Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие од Министерството за здравство додека 10 сограѓани се оздравени. Вкупната бројката на активни случаи во градот изнесува 274 лица.
Во Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 34 ковид болни, од кои 22 се потврдено позитивни, двајца се сомнителни и 10 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
Од вкупниот број на болнички ковид пациенти 27 се лекуваат на Инфективно одделение и 7 на Интерно одделение.
На кислородна поддршка се 11 пациенти.
Од болничко лекување денеска испишан e еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Убавка Јаневска
