Завршува проектот „Зелени детски градини“ на Фондација „Фокус“
10.03.2021
Поставени пластеници и обработена земја во чиј што леи треба уште да се задат градинарските растенија што ќе дадат плод од домати, пиперки, лук, кромид, марула и други видови на зеленчук, е последната активнот со која што ќе заврши подигнувањето на првите зелени детски градини не само во Велес туку и во државата. Расадот е избран, само временските услови ги спречуваат малите градинари од клонот „Ѕвончица“ од ОЈУДГ „Димче Мирчев“ и ПОУ „Маца Овчарова“ да ги засадат.
Но тие веќе пијат чај што е производ од нивниот труд од засадените жардиниери со мајчина душица и невен и дегустираа храна во која магдоносот и нането сами го произведоа. Се ова е дел од проектот што во изминатите наместо седум, поради коронавирусот се одложи за два месеци проект за подигнување на зелени детски градини во Велес.
Градините се наоѓаат во дворовите на двете јавни институции во коишто претходно беа поставени расадници, беше обработена земјената површина и засадени по 25 дрвца од видот туи, се подигнаа ѕидови од палети со што се смени комплетно изгледот на просторот во коишто децата и учениците поминуваат дел од своето време учејќи или играјки.
Самиот почеток на проектот беше посветен на едукација од која што тие како учесници учеа како од семе се создава плод и како се садат и негуваат, поточно одгледуваат, садници кои растат во дрвореди и имаат за цел да им овозможат прочистување на воздухот во загадениот Велес.
Проектот го реализираше Фондација „Фокус“ со детската градинка и посебното осум годишно училиште како партнери.
-Проектот зелени детски градини, го оплемени просторот и им овозможи на децата во топлите денови да можат да уживаат во убавината додека во останатиот дел од годината одгледувајки хербални растенија во жардиниери да берат плодови, да ги предаваат во кујната и заедно со готвачите да подготвуваат храна и салати, рече директорката на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Маја Велиновска.
-Како една од задачите проектот ни овозможи хортикултурно уредување на дворот и втората задача ни беше низ едукација да ги воведеме во еколошкиот систем лицата со попреченост. Одлично беше што во зимски услови го спроведувавме проектот во училници во коишто децата научија дека градинарски хербални плодови може да се одгледуваат и во жардениери. Сето тоа го правевме низ игра и едукација за која што беа заинтересирани сите ученици од училиштето. Да кажам дека и дел од родителите од учениците и ученичките прифатија и одлгедуваат ваков вид на плодови во сопствените домови што ние го рачунаме како додадена вредност на самиот проект, рече директоката на ПОУ „Маца Обчарова“ Мирјана Дамјановиќ.
Доколку временските услови дозволат, расадот во фолиите ќе биде засаден до крајот на работниот дел на оваа недела. Фондација „Фокус“ и партнерите се подготвуваат и за свечено затварање на проектот со запазување на мерките за заштита од Ковид-19.
Проектот зелени детски градини го финансираше Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање, го помогна и Општина Велес а го поддржаа и неколку велешки фирми како „Ронтис“ , „Хемомак“, „ШС Бабуна“, ЈКП „Дервен“, ГП „Делта Пром“ и фабрика за шински возила „Колска“.
Стефани Манева