СВР Велес: 17-годишна девојка се оддалечила од својот дом, се преземаат мерки за расчистување на случајот
30.03.2021
Во Сектор за внатрешни работи Велес, на 29 март, А.А. (69) од Велес пријавил дека од домот се оддалечила неговата 17-годишна внука.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден од 14:00 до 19:00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Во текот на целата акција регистрирани се седум прекршоци од кои четири во Велес, два во Кавадарци и еден во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Во текот на изминатото деноноќие на територија на град Велес се почитувал воведениот полициски час. Сектор за внатрешни работи Велес има евидентирано само едно лице во Неготино кое не ја почитувало забраната за движење. Додека за Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се вкупно 27 лица од кои 10 во Велес, 11 во Кавадарци и шест во Неготино.
Стефани Манева