Се полни со ковид пациенти Општа болница Велес, починат маж од корона вирус
Објавено на 30 март, 2021 во 14:45
30.03.2021
Маж на 78 годишна возраст од Велес, позитивен, лекуван три дена на Инфективно одделение.
Денеска во болницата вкупно се хоспитализирани 81 пациент, од кои 63 се потврдено позитивни, седум сомнителни и 11 пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување. За едно деноноќие има пет ново примени пациенти.
Најголем број од нив или 51 ковид пациенти се лекуваат на Инфективно одделениеви по 15 во Модуларната болница и на Интерно одделение.
На кислородна поддршка се 34 пациенти.
Денеска испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска