Колев: И во 2008-ма Советот одржал седница со ребаланс на Буџет и програми за работа на општината за наредна година

Објавено: 28 октомври, 2013, во 16:31 часот

Нема да има две седници, одговори претседателот на Советот Александар Колев на барањето на советничката група на СДСМ. Колев смета дека несериозно и економски е неисплатливо во рок од четири дена да се одржат две седници за на нив пооделно да се расправа за ребаланс на Буџет и за програмите за работа на општината за наредната година.

– Сметам дека тоа е несериозно и економски неисплатливо и за граѓаните кои ја плаќаат работата на советот. Седницата со 19 точки воопшто нема да биде преоптеретена, бидејќи досега сме имале седници и со триесет точки на дневен ред, рече Колев.

Советничката група на СДСМ во петокот на прес конференција соопшти дека локалната власт ќе ги крати парите за планирани проекти во 2014-та година. Тогаш координаторот на советничката група Благој Коларов соопшти дека ВМРО ДПМНЕ подготвува нов ребаланс на Буџетот и побара да се одржат две седници на Советот.

– Бараме до крајот на месецот да има седница на која ќе се усвојуваат измените и дополнувањата на нацрт програмите за следната година. Па потоа бараме уште една седница на која ќе расправаме за ребаланс на Буџетот чиј краен рок е 15 ноември, рече Коларов.

Претседателот на Советот, Колев соопшти дека  единаесеттата седница на која ќе се расправа за овие точки ќе се одржи на четврти наредниот месец.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.